Кина даде пристап до финансиските пазари


Берзите во Хонг Конг и Шангај отворија врска која ќе даде пристап до кинеските финансиски пазари. Се очекува околу 3 милијарди евра секој ден да се движат во двете насоки.

Платформата Connect треба на меѓународните инвеститори да им овозможи директен пристап, до акциите, регистрирани во Хонг Конг.

Connect за прв пат ќе направи директно поседување на кинеските акции за странци. Порано само неколку менаџери од избраните фондови можеа да инвестираат во помал обем, на кинеските пазари, соопштува франс прес.

Кина ги множи иницијативите – размена меѓу светските банки, инвестициски квоти, обврзници – за да се зголеми употребата на јуанот надвор од своите граници. Connect би требало да го зајакне овој тренд.


Видете следно

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, …