Кина ги надминува Соединетите држави и станува најголемата економска моќ


Кина може да ги надмине Соединетите држави како најголема економија во светот, вели економистот на Банката на Америка (BofA), Хелен Кјао.

Додека Кина сака да стане прогресивна земја, кинескиот претседател Си Џинпинг неодамна изјави дека е можно двојно да се зголеми бруто домашниот производ и приходот по глава на жител до 2035 година, пренесува порталот Кликс.

Двојно зголемување на кинескиот БДП бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години – нешто што според некои експерти е тешко да се постигне.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што порасна во 2020 година, и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирусите.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година пораснала за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина годинава прогнозира раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, економијата на САД се намали за 3,5 проценти во 2020 година, според најновите проценки на владата. ММФ соопшти дека економијата на САД годинава може да порасне 5,1 процент.


Видете следно

Битиќи: Инвестираме околу 2,5 милијарди евра на Коридорот 8 (ДПЛ)

 На Коридорот 8 вложуваме во инфраструктурни проекти во вредност од околу 2,5 милијарди евра и …