Кина го отвора пазарот за јаглеродни емисии


Најнаселената кинеска провинција Гуангдонг, со население над 100 милиони луѓе, следниот месец ќе отвори пазар за трговија со дозволи за емисии на јаглерод, пренесоа агенциите.

Овој пазар ќе биде втор по големина по пазарот на ЕУ, после берзата во Австралија и Калифорнија. Кина, која е најголемиот загадувач со стакленички гасови во светот, вети дека ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид по единица БДП со до 45% до 2020 година.

Шангај и Пекинг веќе го открија пазарот за дозволи за емисии на јаглерод. Шемата во исклучително индустријализираната провинција Гуангдонг ќе ја ограничи емисијата на јаглерод диоксид од 202 компании до 350 милиони тони за 2013 година, според соопштението на сајтот на локалната комисија за развој и реформи.

Повеќето дозволи кои се добиени од изворите на испуштањето на стакленичките гасови, ќе бидат дадени бесплатно на 10 декември.

Локалните власти ќе пуштат на аукција уште 29 милиони дозволи за оваа година од средината на декември, но не се прецизира датум. Берзата за јаглерод во Гуангдонг ќе отвори секундарен пазар за дозволи до крајот на декември.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …