Кина го покажа возот прототип на маглев, кој достигнува брзина од 600 км / ч


Нов “лебдечки” воз, кој може да достигне брзина од 600 км / ч, прототип на маглев (магнетно левитациски) воз, е еден чекор поблиску да стане реалност во Кина, пишува CNN. Во четвртокот прототипот на најбрз кинески воз, беше претставен во источниот кинески град Кингдао.

Тој е развиен од државната Кинеска железничка компанија (CRRC) – најголемиот светски снабдувач на железничка опрема. Возот се очекува да влезе во комерцијална експлоатација во 2021 година, откако ќе ги помине обемните тестови.

Според производителот, тој целосно ќе го промени транспортот во Кина, пополнувајќи го јазот меѓу железничкиот и воздушниот превоз со голема брзина.

Брзината на патување со авион е 800-900 км / ч, а во моментов возовите на линијата Пекинг-Шангај достигнуваат максимална работна брзина од 350 км / ч.

Новиот прототип на Кина нема да биде првиот воз кој ќе ја надмине границата од 600 километри на час.

Воз на јапонската железница постигна рекордни 603 км / ч на тест возењето во Јаманаши во 2015 година.

 


Видете следно

Министерството за култура отворено и транспарентно работи со СКРМ на нивните барања

Министерството за култура активно и засилено работи на текстот на новиот закон за остварување на …