Кина и Франција со трговски договори за 18 милијарди евра


Француски компании потпишаа трговски договори со Кина во вкупна вредност од 18 милијарди евра, соопштува АФП. Трговските спогодби, околу 50 на број, беа потпишани за време на посетата на кинескиот лидер Си Ѕинпин во Париз.

Францускиот претседател Оланд го објави ова по завршувањето на средбата со кинескиот лидер одржана во Елисејската палата. “Осумнаесет милијарди евра во договори – тоа се работни места, тоа е раст и претежно големи можности за следните години”, изјави Оланд.


Видете следно

Регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата – почина една жена од околината на Струга

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  22 нови случаи на …