Кина инвестираше € 133 милијарди во Велика Британија


Кина ќе инвестира € 133 милијарди во економијата на Велика Британија, а средствата ќе бидат наменети првенствено за инфраструктурни проекти, пренесе Financial Times. Сумата ќе биде инвестирана до 2025.

Поголемиот дел од средствата ќе одат за проекти во областа на енергетиката, транспортот и недвижностите. Помеѓу 2005 и 2013 најголемата светска економија има инвестирано близу 11,7 милијарди фунти во Велика Британија. Ова вклучува 10% од акциите во Thames Water, најголемиот воден објект во земјата.

Според последниот извештај на правната фирма Pinsent Masons и Центарот за економски и бизнис истражувања, со седиште во Лондон, Велика Британија ќе се искачи на 3-та позиција (од 144 земји) како фаворит место за инвестиции кои доаѓаат од Кина. На првата и втората позиција се САД и Јапонија.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …