Кина купува авиопревозник на Кипар?


Кипарската влада е близу до договор за продажба на Cyprus airways на кинески инвеститори, објавува електронското издание на кипарскиот грчки весник “Филелефтерос”.

Кипарската компанија Yi Xiang Da Investment Co Ltd. покажала интерес. Раководството на Cyprus airways имало средба со претставниците на кинеската компанија.

Cyprus airways доживува финансиски тешкотии во изминатите неколку години, пренесува ИТАР-ТАСС.

Државата постојано помага на компанијата, а во декември минатата година и одобри на авиопревозникот 70 милиони евра.

Европската комисија започна истрага за да разјасни дали помошта е во согласност со европските закони. ЕК изрази сомнежи за ефикасноста на програмата за реструктуирање на Cyprus airways.


Видете следно

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за …