Кина лансира сопствен оперативен систем


Кина подготвува свој оперативен систем. Таа ќе конкурира на Microsoft Windows и Android на Google. Се очекува новиот софтвер да биде готов до октомври. Ова го пренесе Reuters, повикувајќи се на кинеската агенција Xinhua.

Првично оперативниот систем ќе биде наменет само за десктоп компјутерите, а подоцна ќе има верзија за паметни телефони и други мобилни уреди, информираше шефот на создадената унија од компании во март, Ни Гуангнан.

Тој рече дека се надева кинескиот софтвер да може да ги замени странските оперативни системи на десктоп компјутерите во земјата до две години, а до пет – и на мобилните уреди.

Во мај кинеската влада забрани Windows 8 да се користи на државните компјутери. Минатата година властите во земјата најавија дека Google има преголема контрола врз индустријата за смартфони во земјата преку оперативниот систем Android.


Видете следно

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до …