Кина може да стане најголема светска економија оваа година


Кинеската економија напредува побрзо од САД, и оваа година може да ја претекне и да стане најголема економија во светот. Тоа го покажува извештајот на International Comparison Program кон Светската банка.

Економистите очекуваа Кина да стане најголема економија во светот дури во 2019.

Причина за промената сега e новата оценка, која изнесува БДП по паритетот на куповната моќ – мерка за она што всушност може да се купи со одредена сума во различни земји. Така се избегнуваат неточности, предизвикани од флуктуациите на девизните курсеви.

Така излегува дека економијата на Кина е поголема отколку претходните проценки, соопштува economy. БДП-то на земјата порасна до 13,5 трилиони долари во 2011 во споредба со 7.3 трилиони пресметани без да се земе предвид куповната моќ.

На база на овие податоци економистите предвидуваат дека Кина ќе го замени САД како најголема економија во светот оваа година.


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …