Кина одговори и влезе во трговска војна со САД


Кина воведе тарифи во износ до 25% за увоз од САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум во март.

Од денес Пекинг ќе оданочува американски производи во вредност од вкупно 3 милијарди долари, што реално е само мал дел од годишниот прометот меѓу двете најголеми економии во светот, во вредност од 637 милијарди долари за 2017 година. Трговскиот дефицит на САД е 375 милијарди долари, според статистичките податоци на САД.

Кинеските власти ќе ги оданочуваат новите царински давачки на увезените производи, како што се виното, замрзнатото свинско месо и алуминиумските отпадоци. Официјалната позиција на Пекинг е дека ќе ги балансира загубите предизвикани од новите тарифи на САД.

Со воведувањето на царините врз челикот и алуминиумот Трамп инсистираше на тоа дека “трговските војни се добри” и дека за САД ќе биде лесно да ги добијат.

Американската администрација веќе најави планови за дополнителни тарифи кои ќе влијаат на увозот на производи за 60 милијарди долари од Кина и ограничување на кинеските инвестиции, како одговор на кражбите на интелектуална сопственост.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …