Кинеската економија достигна најснико ниво на раст во последните 18 месеци!


Економијата на Кина го достигна најниското ниво на раст во последните 18 месеци во првиот квартал на 2014 година. Ова го покажуваат последните официјални податоци, пренесе “Ројтерс”.

За периодот јануари -март економијата на земјата се зголемила со 7,4 % во однос на минатата година. Иако ги надмина прогнозите на ” Ројтерс ” од 7,3 % раст, сепак тој е помал од овој показател за последниот квартал на 2013, кога тој достигнува 7,7 %.

Податоците за март покажуваат дека обемот на произведство во азиската земја се зголемиле за 8,8 % во споредба со минатата година, пониско од предвидените 9% .

Инвестициите во основните средства се зголемиле со 17,6% во првиот квартал на 2014 година и тоа е несогласување со очекувањата за раст од 18,1 % .

Продажбата на мало е единствениот показател кој го надмина проектираното ниво од 12,1 % годишно со 12,2 %.

Извозот за втор месец по ред е намален, увозот, исто така опадна драматично во текот на март.


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …