Breaking News

Кинеската компанија „ПетроКина“ закупи терминал за течен плин во Ротердам


Кинеската компанија за трговија со нафта и гас „ ПетроКина Интерационал“ (PetroChina International) денеска соопшти дека на 20 години изнајмила терминал за течен гас во пристаништето во Ротердам.


Капацитетот на терминалот е две милијарди кубни метри, а кинеската компанија на јавен тендер обезбеди 20-годишна концесија.


„ПетроКина“ очекува терминалот да почне со работа во 2026 година, се наведува во соопштението на социјалната мрежа ВиЧет (Wechat).

Тоа е прв договор на оваа компанија за долгорочен закуп на терминал за течен гас (LNG) во Европа.


„ПетроКина Интернационал“ е филијала на кинеската државна компанија за нафта и гас CNPC и најголем увозник на гас во Кина. сд/ .

Извор: МИА