Кинескиот јуан го стигна еврото


Кинескиот јуан го стигна еврото и на тој начин стана втората најчесто користена (за финансирање на комерцијални трансакции) валута во светот по американскиот долар. Ова го покажуваат податоците на Здружението за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации (SWIFT).

Уделот на кинеската валута во акредитив и побарувањата во октомври се 8,66 % во однос на 6,64 % за еврото, се вели во соопштението на организацијата.

Кина, Хонгконг, Сингапур, Германија и Австралија се меѓу главните корисници на јуанот во финансирањето на комерцијални трансакции. За споредба, во јануари 2012 година, кинеската валута имала удел од 1,89% во однос на 7,87% за еврото.

Кина бара начини валутата на земјата да игра повеќе значајна улога во светската трговија и инвестиции.
Кинеската валута е на 12 -то место по трансакции во светот, а нејзиниот процент е зголемен во октомври за 1,5%.

На 10 октомври Кина и ЕЦБ потпишаа договор за размена на валута во вредност од 350 милијарди јуани или 60,8 милијарди евра.


Видете следно

Министерот Спасовски на средба со словенечкиот колега Поклукар: Соработката на полициите од двете држави на извонредно високо ниво

„Соработката на полициите на Република Северна Македонија и Република Словенија е на извонредно високо ниво, …