Извор: depositphotos.com/

Кинеските инвестиции во Европа намалени од почетокот на годината


Слабеењето на домашната економија на Кина и продолжувањето на азиската трговска војна со САД почнуваат да влијаат на кинеските инвестиции во Европа, пренесува „Јаху финансии“. Новата студија на Ернст и Јанг покажува дека кинеските спојувања и аквизиции последниве години драматично забавиле во првата половина на оваа година.

Анализата открива дека Пекинг вложил 2,4 милијарди американски долари во аквизиции или инвестиции во европски компании во првите шест месеци од годината, што претставува намалување од 84% во однос на истиот период во 2018 година.

Во Германија, која обично е најпосакувана европска земја за инвестиции од кинески компании, во првата половина на 2019 година немаше кинески спојувања или спогодби за стекнување. Азиската земја инвестирала нешто над 500 милијарди американски долари во најголемата економија во Европа. Ова е опипливо намалување од 10 милијарди американски долари инвестирани во текот на 2018 година.

Велика Британија ја надмина Германија како врвна дестинација за кинески инвестиции. „Главната причина за помалата склоност за дејствување на кинеските инвеститори е ситуацијата на кинескиот домашен пазар.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …