King ги пушта Candy Crush во Кина


Кинеската интернет компанија Tencent ќе ја пушти во земјата популарната игра Candy Crush во партнерство со фирмата творец на играта King Digital Entertainment. За Tencent овој потег ќе помогне на компанијата да се привлечат повеќе корисници кон останатите онлајн и мобилни услуги кои ги нуди.

Верзијата на играта ќе биде достапна до крајот на годината за корисниците во Азија, уживајќи во Tencent’s Mobile QQ и Weixin Game Centers.

Кинеската држава има најмногу интернет корисници во светот. Според истражување на Internet Network Information Centre нивниот број е 618 милиони за крајот на 2013 година.

Партнерството со Tencent го прошири присуството на компанијата King Digital Entertainment во Азија. Потсетуваме дека таа веќе ја има издадено играта Candy Crush во Јапонија и Јужна Кореја минатата година.

Се очекува во почетокот на следниот месец британската компанија да ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2014 година, велат од econ.


Видете следно

Неколку факти кои покажуваат колку е навистина богат Марк Цукерберг

Нето-вредноста на Марк Закерберг падна за скоро 10 милијарди американски долари за само една недела …