Кипар ќе привлекува туристи преку својата традиционална кујна


Проектот е дел од стратегијата за излегување на земјата од економската криза и вреден 700 000 евра, кој се спроведува со европски програми.

Партнерите во него се општините, туристичките организации, компаниите за промовирање на економијата, земјоделските задруги. Целта е да го претворат градот Пафос и областа околу него во атрактивна гастрономска дестинација.

Програмата ќе трае 2 години, и во тоа време ќе бидат стимулирани и поддржани активностите за развој на локалната кујна.
Од февруари до април ќе се одржи специјален истражувачки дел, за старите рецепти за традиционални јадења од регионот.

Самиот Пафос веќе е воспоставен за ” Европска престолнина на културата 2017 “.

Програмата за новата кулинарска дестинација е дел од целокупната страгегија за развој на регионот и на туризмот на островот. Туристичкиот сектор е единствениот во моментов, кој има потенцијал да побегне од кипарската економија од длабоката криза.

Проширувањето и збогатувањето на понудата од земјата со ваков туристички производ е со цел привлекување на повеќе гости во Кипар.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …