Кога и зошто бизнисменот Кочан влегува во затвор?!


Предметот „Труст“ на СЈО вчера Апелацискиот суд го проследил до Кривичниот суд и во наредните денови преку АКМИС системот ќе му биде распределен на судија за извршување санкции кој потоа треба да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна.

Како што информираат од Кривичниот суд, Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години, а за второобвинетиот определи условна казна.

По поднесеното барање на СЈО, судија на претхода постапка од Основен суд донесе и решение за замврзнување на имотот кој е во целосна или доминантна сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“. Претходно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, составен од поретседателката на советот, судијката Гордана Спиреска и судиите Марјан Грубиша и Славица Наумова Јосифовска, му ја имаше уважено жалбата на СЈО и го прифати предлогот за определување мерка притвор против осомничениот С.К. поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст”, за злоупотреба на јавна набавка. Предметот во кој се осудени Кочан и Авировиќ се однесува на злоупотреба со јавни набавки односно на добивање на тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра со лажни документи.

Двајцата треба да платат парична казна од два милиони денари. На фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ им се забранува и учеството на тендери во наредните три години. Имотот ќе биде конфискуван за 17,3 милиони евра, колку што и беше тендерот со ЕЛЕМ.

Според одлуката на Апелациониот суд за предметот на СЈО „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан ќе треба да одлежи 4 години затворска казна.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …