Кога се очекува продажбата на iPhone 6


Новиот паметен телефон на Apple – iPhone 6, може да се појави на пазарот подоцна од очекуваното. Apple можеби планира да го лансира iPhone 6 на 14 октомври, бидејќи самиот месец ќе биде исклучително напорен за компанијата, пишува Ричард Педи од MacRumors, повикувајќи се на извор од гигантот.

Истиот извор наведува дека висок функционер во продажната мрежа на Apple го спомнал 14 октомври како “голем” ден за Apple, додавајќи дека целиот октомври ќе биде многу напорен за продавниците и за самата компанија.

Се смета исто така дека Apple планира медиумски настан за 16 септември (вторник), што е месец пред пуштањето на новиот паметен телефон. Тоа би било кршење на традицијата на Apple од последните години, во кои продажбите на новиот iPhone почнуваат во септември.

Необично е и неговото пуштање во вторникот, бидејќи досега продажбата започнувала во петок, за да може да се продаваат повеќе телефони во текот на викендот.

Треба да се има предвид дека, сепак, информациите доаѓаат од вработен во продажната мрежа на компанијата. Не е сигурно дали Apple ги информирала вработените во трговската мрежа толку време пред очекуваното излегување на iPhone 6.

 


Видете следно

Кој е новиот починат пациент од коронавирус ?!

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во …