Кои се 11-те закони што не ги потпишал Иванов?!


Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери е наведено дека во образложението кое Иванов го доставил за непотпишувањето на законите било наведено дека „секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и дека ќе ги брани интересите на Република Македонија“.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за 11 закони кои беа изгласани во Собранието и го содржат новото име на државата Република Северна Македонија.

Сега законите ќе треба повторно да бидат ставени на гласање – по што претседателот ќе мора да ги потпише како штои налага законот. За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.

Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за прогласување на шест закони: Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории. Исто така Претседателот не ги потшиша ни Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година: Закон за изменување и дополнување на законот за данокот за додаде вредност, Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, закон за изменување и и дополнување на закон за субвенционирање на станбен кредит и закон за изменување и дополнување на закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …