Кои се најбогатите земји во светот?


Со БДП по глава на жител $ 111,162, Луксембург е најбогатата земја во светот според последните податоци на Светската банка за 2013. Веднаш по неа се рангираат Норвешка ($ 100,819) и Катар ($ 93,352).

Изненадување во рангирањето е Макао – најголемиот казино центар во светот, кој ја надмина Швајцарија, коментира CNN. Со $ 91,376 БДП по глава на жител, поранешната португалска колонија застанува на четвртото место. Според податоците на СБ показателот се зголемил значително во однос на 2012, кога изнесувал $ 77,196.

Макао не случајно ја освои славата на светска метропола на коцкање, откако забележа рекордни 45 $ милијарди приходи од казината за 2013, што е со 18,6% повеќе во однос на 2012 година. Тоа е речиси седум пати повеќе од приходите на коцкање во Лас Вегас ($ 6.5 милијарди), за истиот период.

Во меѓувреме БДП по глава на жител во Швајцарија бележи незначителен пораст – $ 80,528 во 2013 во однос на $ 78,929 една година порано.



Видете следно

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Денеска заврши имплементацијата на Твининг Проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, …