Кои се најдобрите универзитети во светот во 2020 година?!


Универзитетот Оксфорд е прогласен за најдобар универзитет во светот веќе петта година по ред, но Кина е вистинскиот победник на светската ранг-листа.

Освен фактот дека Универзитетот во Оксфорд може да се пофали со првото место, тие веројатно се задоволни од фактот дека Универзитетот во Кембриџ паѓа на шестата позиција, што е најнизок ранг од 2014 година.

Сепак, ова се единствените две високообразовни институции во Топ 10 надвор од САД. Американските универзитети заземаат рекордни осум од најдобрите 10, според „Times Higher Education“, кое составува една од трите популарни рангирања во светот.

На академското рангирање на светските универзитети, Универзитетот Харвард е на првото место, а САД можат да се пофалат со осум места во Топ 10.

Еве како изгледаат првите десет на најновата рангираност на Times Higher Education:

1. (1) Универзитет во Оксфорд (Велика Британија)
2. (4) Универзитет Стенфорд (САД)
3. (7) Универзитет Харвард (САД)
4. (2) Институт за технологија во Калифорнија (САД)
5. (5) Технолошки институт во Масачусетс (САД)
6. (3) Универзитет во Кембриџ (Велика Британија)
7. (13) Универзитет во Калифорнија, Беркли (САД)
8. (8) Универзитет Јеил (САД)
9. (6) Универзитет Принстон (САД)
10. (9) Универзитет во Чикаго (САД)

* Броевите во загради го означуваат местото на соодветниот универзитет во рангирањето од минатата година

 


Видете следно

ФДА го одобри „Ремдесивир” за лекување Ковид-19

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на …