Кои се претседателите на комисиите што донесоа одлуки за финансирање на проекти во културата?


Министерството за култура и оваа година не помина со скандали. Но, оваа ќе ја паметиме по тоа што овде беа најголеми во делот на конкурот за доделување на средства по повод Годишната програма и резултатите од годишните конкурси за проекти од национален интерес. Кои се членовите на комисии и дали се релевантни за доделување на средствата? Дали некој воопшто слушнал за Плеурат Гаши, – претседател на комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност? Како тој може да одлучува за толку голем буџет – народни пари, на сметка на нас – граѓаните, уметниците, артистите, музичарите? Како може фестивал за млади таленти, каков што е АНДЕРФЕСТ на кој ќе настапат триесетина македонски бендови, да не се додели ниту еден денер ?!

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.
Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност)“.

Во делот на музичко-сценската дејност претседател на комисијата e музикологот за кој речиси и никој нема слушнато Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност). Од таму најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари. Потоа 56 илјади евра за фестивалот „Меридианс“ како и за концертот „Класик и рок мјузик“, а додека скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

И Авалон продукција исто така не се од оние кои требаше да добијат средства од министерството.

„Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи“, изјави Бобан од Авалон.

Интересно е што претседателите на комисиите немале слух ниту за востановените децениски музички манифестацино ниту за новите работи кои ќе се случуваат во Македонија а ќе ги ангажираат младите музички уметници. Пример за тоа е фестивалот „Андерфест“ на кој за 3. дена ќе настапат 31. македонски бенд, значи зборуваме за фестивал каков се нема случено на овие простори, а од друга страна се афирмираат младите бендови кои се борат за „свое место на сцената“…
Секоја година нови проблеми…, пишуваат од редакцијата на ЕКРАН.мк


Видете следно

Ременски: И не мразам никого, не дозволив да ме исфрустрираат транзиционите политичари

За Фри-Шопот и стечајците … На граничниот премин Деве Баир во Крива Паланка во меѓуграничната …