Кои се продажните цени на производителите на индустриски производи на странските и домашните пазари?!


Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски 2.8 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.7 % на годишно ниво.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %.

Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.0 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.8 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.5 % на годишно ниво. Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 %. Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.3 %.


Видете следно

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски се сретна со Сергеј Баздникин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски се сретна со Сергеј Баздникин, амбасадор …