Кои социјални мрежи растат најбрзо во светот?


Google+ e втората најголема социјална мрежа во светот, со 26% удел на интернет корисници во светот во првиот квартал на 2013 година. Тоа го покажа анализата на истражувачката компанија GlobalWebIndex, пренесува eMarketer. Така Google+ го помина Twitter, кој останува четврти со 22% учество.

Водечката позиција ја задржува Facebook со малку над половина интернет корисници во светот. На трето место е YouTube со 25%.

Најбрзиот раст на социјална мрежа сепак е Twitter. Сајтот имал раст од 42% на корисниците во светот во првиот квартал од 2013 во споредба со претходниот квартал. Следува Google+ со 33% раст на корисниците.

Во голема мера растот на социјалните мрежи се должи на растот на потрошувачката на мобилен интернет.

Азиско-пацифичкиот регион е најголемиот двигател на растот на социјалните мрежи.

Најголем раст Facebook има во Јапонија – 42%. Google+ регистрира бум во Јужна Кореја со 209% раст. Twitter е со најголем раст (44%) во Индонезија, покажува анализата.


Видете следно

Од денес САД тргнува со забрана за TikTok и WeChat

Министерството за трговија на САД планира да го забрани пристапот до ТикТок и ВеЧат во …