Кој е Димитар Ковачевски – новиот заменик министер за финансии?


Нов заменик министер за финансии ќе биде проф. доктор Димитар Ковачевски.

Ковачевски својата кариера ја започна во Македонски телеком каде беше на повеќе раководни позиции за да 2016г биде назначен за извршен директор на ОНЕ.ВИП.

Димитар Ковачевски е вонреден професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје, шеф на катедра за маркетинг.

Димитар Ковачевски има 18-годишно искуство во различни области од телекомуникациската индустрија. Ја започнал кариерата во Македонски Телеком каде го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, директор на Центарот за маркетинг комуникации и односи со јавност, директор на Центарот за маркетинг и продажен менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти.

Ковачевски пред две години влезе во „ПиКСЕЛ Груп“, компанија која се занимава со производство на фотоволтаични панели кои се инсталираат дома и во странство.


Видете следно

Владата препорача исплата на октовриските пензии од 27 октомври

Скопје, 20 октомври 2020 (МИА) – Владата на денешната 13-та седница им препорачува на деловните …