Кој е Компанијата Мајкрософт (Microsoft) е на четврто место по висината на донации за кампањата на демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден


Компанијата Мајкрософт (Microsoft) е на четврто место по висината на донации за кампањата на демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, покажуваат податоците на „ОпенСикретс” (OpenSecrets), сајт кој го следи движењето на парите во политиката и извештаите за финансирање на кампањите.

Претседателот на Мајкрософт, Бред Смит минатата година организира собирање на средства за Бајден во градот Мејдан, во сојузната држава Вашингтон. Тој исто така помогна да се соберат повеќе од 25.000 долари за кампањата на Бајден и имаше јавна улога за време на Демократската национална конвенција, како и Џеј Карни од Амазон.

Но, Смит во неколку наврати ги помогнал и републикаците, вклучително и донацијата од 15.000 долари за Националниот републикански конгресен комитет.

Директорот на Мајркософт за технологија, Кевин Скот и неговата сопруга донирале над 50.000 долари на комитетите кои го поддржуваат Бајден.

Членот на одборот на Мајкрософт и еден од основачитена ЛинкедИн, Рид Хофман и неговата сопруга исто така донирале за кампањата на Бајден. Сопругата на Хофман дала повеќе од половина милион долари на фондот за победа на Бајден.

И други раководители на Мајркософт исто така донирале за кампањата на Бајден. ми/

Вашингтон, 26 октомври 2020 (МИА)


Видете следно

„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за ковид-19

Авицена лабораторија уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со …