Кој е лидерот на светот?


Според податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) реконструкцијата на светската економија се засилува во првата половина на 2010 година. Надежите се поддржани од зголемувањето на економската активност до 5.25%, што е близу со 0.5% над очекувањата.

Сепак реконструкцијата е премногу кревка, а прогнозите за иднината не се така оптимистички. За оваа година очекувањата на ММФ во светски рамки се за економски раст од 4.8%.

Слично сценарио се предвидува за сите економии во светот. Од ММФ прогнозираат дека развиените економии ќе забележат раст од 2.7% во оваа година и 2.2% следната.

Силен раст очекува ММФ во развиените економии. Во просек, прогнозата е за раст на БДП од 7.1% за оваа година и 6.4% за 2011 година За САД очекувањата за раст се намалиле на 2.6% до крајот на годината и до 2.3% за следната.

Еден од главните проблеми на кризата е невработеноста. Без работа се над 210 милиони луѓе во светот, додека 30 милиони останале невработени по почетокот на кризата.

Оваа година беа објавени и серија позитивни вести од големите економии. Во февруари месец САД објави дека излегува од кризата, а работите не се движат толку брзо како што посакаа. Стана јасно дека и Германија се збогува со рецесијата во второто тримесечје, и забележа раст од 0.3%.

Според прогнозите на ММФ Балканот исто излегуваат од кризата, а како првенец ќе е Србија. Очекувањата за растот на соседот се 1.5% за оваа година и околу 3% за следната.

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Жан-Клод Трише изјави дека во новите пазарни економии ќе има одржлив раст и сигурно повеќе умерен раст во напредна економија како Европската унија и САД.

Иако започнаа позитивни податоци и очекувања, тие не се доволни во блиската една година да се надмине невработеноста, економската несигурност и стравот на инвеститорите.

Се предвидува дека во 2050 година водечка економија во светот ќе биде Кина. По неа се рангирани ЕУ и САД. Потоа следат Бразил, Русија, Индија и Јапонија, исто така, во топ 10 на водечките земји по БДП. И сето тоа воопшто не е чудно, особено по различните прогнози дека источните земји ќе доведат до излез на светот од кризата.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …