Кој е најдобриот шахист во Северна Македонија?


Пред една седмица беше затворено поединечното првенство во шах на Северна Македонија, каде Кирил Георгиев, наш репрезентативец и прва табла на Северна Македонија, кој воедно е и член на шаховскиот клуб од Општина Кисела Вода “БМ-Кисела Вода”, убедливо го освои првото место.

Тој освои 8.5 од 9 поени. Пехарот од денес ќе ги краси витрините на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој е генерален спонзор на овој шаховски клуб.

Денес, во име на Кирил Георгиев, пехарот ми го врачи селекторот, кој воедно е член на ШК “БМ-Кисела Вода”, Роландо Кутиров.


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …