Кој е патникот што недостасувал во кобниот автобус?


Еден патник од Македонија со голема среќа успеал да се спаси од изгорениот автобус, откако се качил во погрешен автобус.

Ова го изјави неговиот татко, за ТВ Сител.


-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.


Видете следно

Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина …