Кој и колку би победил на наредните парламентарни избори во Македонија?


Ако во Македонија утре се одржат парламентарни избори, според анкетата на МЦМС 24,4 отсто од испитаниците би гласале за СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ 24 проценти. Ова го открива анкетата на МЦМС според која опозициската партија бележи скок од 3,4 отсто во рејтингот во споредба со истражувањето на јавното мислење во месец мај.

Според анкетата, на евентуалните утрешни парламентарни избори, за ДУИ би гласале 6,9 додека за алијанса за албанците 2,7 отсто. Беса би добила 1,7 проценти од гласовите.. Нема да излезат или не знаат за кого би гласале се изјасниле речиси 38 проценти од испитаниците.

Според МЦМС, кај етничките македонци, ВМРО-ДПМНЕ има предност од 31,2 проценти наспроти СДСМ со 28, 3 проценти.

Инаку анектата на МЦМС е изработена во рамки на испитувањето на јавното мислење за претстојниот референдум. Истражувањето е спроведено во период од 24 јули до 1 август годинава а опфатени се 1026 испитаници.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …