Кој ќе управува со расположливите 500.000 евра и очекуваните 890.000 евра на ИСОС?


Денес, 21.07.2021 година, завршува мандатот на членовите на управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители кои како единствен орган на управување, во својот 5 годишен мандат во официјалните регистри согласно Законот за вршење на сметководствени работи евидентираа и регистрираа 9.100 сметководители и овластени сметководители како и 1.850 лиценци за правни субјекти за вршење на сметководствени работи.

На жиро сметките на Институтот на располагање расположливи се парични средства во вкупен износ од 27.000.000,00 милиони денари, а од сметководствената евиденција видно е дека се очукуваат дополнителни приходи по основ на чланарини приближно 84.000.000,00 милиони денари.


Институтот во изминатиот период покрај редовните активности и опслужување на своите членови даде сериозен допринос во насока на измени на постоечкиот закон како и подготвување и донесување на нов закон, кој ќе даде одговор на прашањето што понатаму со Институтот, неговите срдства, правата на претставниците на сметководствената професија и унапредувањето на професијата заради нејзината огромна одговорност.


Видете следно

Топлотниот бран ризик и за земјоделството, агрометеоролозите препорачуваат наводнување

Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени, предизвикаа поизразено губење на почвената влага. Агрометеоролозите препорачуваат …