Кој се крие зад Поки, маскотата на фестивалот „Поточиња“?!


Во драмскиот театар го има играно ликот на Џанго во претставата ,,Грев или шприцер,,. Активен е и на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со македонската филхармонија, нах-синхронизирал над 30 детски анимирани серии, активен извидник е од 13 години, аматерски се бави со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам. На филмското платно се појавува во филмот ,,До Балчак,, каде ја игра главната машка улога. Филмот ,,Сенки,, и детскиот серијал ,,Петко 5+,, каде го игра ликот на Максимилијан.

Мартин Јорданоски e актер роден 1987 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во родниотт град. Аматерски се бави со театар од свои 14 години. Се запишува на факултетот за драмски уметности во класата на проф. Владимир Милчин, каде и дипломира. Во 2012 година ,,ТДМ,, станува негова матична театарска куќа. Имал преку 10 премиери и ги толкувал ликовите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и многу други.

Од „Театарче“ за него велат дека тој е еден од новата, “млада гарда” на Театарот за деца и младинци која носи еден енергичен бран, што и буквално го подига на ниво на лебдење овој наш театар:

„По неговиот фасцинантно енергичен Могли, како и другите повеќе од десетина ролји во овој негов матичен театар, Мартин го заслужи нашето внимание, бидејќи ќе биде новиот детски херој од џунглата, каков што е и Страшилото од “Волшебникот од Оз”, Менехем во “Нашиот клас”, дел е и од забавата во “Пипи долгиот чорап”, Оливер Твист…, го има и како Џанго во “Грев или шприцер” во Драмски. Сето тоа е причина Мартин да го сврти нашето, а се надеваме и вашето внимание“!

И оваа година тој ќе биде домаќин на публиката кој ќе ги води дечињата низ приказната на Поточиња во улогата на маскотата Поки.

Од организаторот, Пап продукција, информираат дека се е подготвено за уште една голема детска забава и дека на репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

 


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …