Која е работата на Асоцијацијата на финансиски друштва во Северна Македонија?


Обезбедување сигурни, општествено одговорни и одржливи практики за кредитирање се основните обврски и заложби на Асоцијацијата на финансиски друштва. Неодамна оформената Асоцијација на финансиски друштва е тело што обединува, досега, седум небанкарски финансиски друштва кои нудат финансиски услуги и брзи кредити за граѓаните кои имаат потреба од средства. Преку потпишувањето на кодексот за добра пракса се стандардизираат условите за добивање кредит, за квалитет на услугите и воопшто работата на финансиските друштва, а се обезбедуваат и дополнителни мерки за заштита на потрошувачите.

Така, во кодексот се опфатени сите обврски што небанкарското финансиско друштво ги има кон барателот на услуга, односно граѓанинот, како јасни правила на соработка со клиентите кои добиле кредит или планираат да земат одреден кредит од членка на Асоцијацијата и обезбедување повисоко ниво на заштита. Кодексот ги дефинира прашањата и за проценка на кредитоспособноста на клиентите, етички маркетинг, брза и практична процедура за ревизија на жалби и наплата на долгот.

Припадноста кон Асоцијацијата се истакнува со ознаката „Одговорен кредитор“ на веб-страницата на друштвото и тоа значи дека истото работи согласно принципите утврдени со Кодексот за добра пракса.

Комплетноста на функцијата и услугите на Асоцијацијата како и посветеноста кон поставени цели се гледа и во едукативната функција што Асоцијацијата ја има во однос на граѓаните. На својата интернет страница, Асоцијацијата ги советува граѓаните во какви ситуации да се земе предвид позајмување од небанкарски кредитори, а во кои ситуации не е препорачливо, што да се прави во случај на проблеми и слично. Со оваа услуга, Асоцијацијата е комплетно на страната на барателите на кредити и со целата работа е во насока на заштита на барателот, односно граѓанинот.

Иницијативата за формирање на Асоцијацијата е поттикната од растечката појава на финансиски друштва, што пак е резултат на потребите на граѓаните и приоритетна цел е обезбедување унифицирани стандарди за квалитет во финтек индустријата. Токму затоа, преку нејзината работа и потпишаниот кодекс покрај односот на друштвото кон барателот на услугата се дефинира и односот меѓу финансиските друштва. Една од работата на Асоцијацијата ќе биде и креирање стратегија за развој на индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот и промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целост. Така што, Асоцијацијата ги обединува своите членки и ги поттикнува на заеднички ангажман и долгорочна соработка, покрај во стандардизацијата и квалитетот на услугите, уште и во регулирање на пазарот преку објаснување на јавноста за различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech. Тоа ќе резултира со поголема доверба од страна на корисниците, но и од надлежните институции. На овој начин ќе се постигне поголема транспарентност на финансиската индустрија, а ќе се подигне и свеста за потребата и корисноста од работењето на небанкарските финансиски институции.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …