КОЛЕВ ОД РИМ: ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ГО РУШАТ МЕЃУНАРОДНИОТ АВТОРИТЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ


За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, влијаат негативно на меѓународниот углед на нашата земја.

За време на мојот разговор со ко-претседателот на ЕCR проф. Лагутко и европратеникот Ангел Џамбазки тие изразија загриженост околу случувањата во истражниот затвор Шутка, каде беа нападнати поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Стигнавме до заклучок дека институциите треба да бидат оставени да си ја завршат работата по случајот, без никакво политичко влијание и виновните да ја понесат својата одговорност.

За мене најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции. Тоа не смее да се случува бидејќи ниту едно политичко поентирање не е доволно вредно за да се стави под знак прашалник авторитетот на нашата земја и секако почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …