Количеството на превезената стока во железничкиот превоз за 27.1 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 31.4 %.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 12.4 %, во градско-приградскиот превоз за 1.4 %, во железничкиот превоз е намален за 3.5 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 8.7 %.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 1.7 %, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 29.2 %, во железничкиот превоз за 10.5 %, додека во воздухопловниот превоз е намален 33.1%.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 21.7 %, во железничкиот превоз е намалено за 25.9 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 8.0 %.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9.7 %, во железничкиот превоз за 27.1 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 31.4 %.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …