Колкави се индексите на прометот во индустријата кај домашните и странските пазари


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 110.1.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 %, Капитални производи за 23.6 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.8 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2018 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 97.1, додека во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 112.1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 101.6.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 10.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2018 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 100.2, додека во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 101.2.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 112.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.4 %, Капитални производи за 24.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.1 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2018 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 96.3, додека во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 115.0.


Видете следно

ССК: Јакнење на економската дипломатија со квалитетни кадровски решенија

Владеење на правото и борба против корупцијата, зајакнување на економската дипломатија, демонстрирање проактивно лидерство, како …