Колку чини 30 секунди реклама во Super Bowl?


Најголемиот светски спортски настан – Super Bowl, покрај големиот интерес кај гледачите, претставува настан кој е од огромно значење и за рекламните компании кои минатата година одвојуваа по 3,4 милиони долари за 30-секунден рекламен спот. Веќе е познато дека за овој настан специјално се снимаат реклами, и истите најпрво се пласираат online, обично неколку дена пред самиот настан.

Графиконот го покажува трендот на раст на цената за 30 секнудни ТВ реклами од година во година. Па така, ако во 2008 година една реклама чинела околу 2,69 милиони долари, денес цената е за 27% повисока.

Според извештајот на Nielsen, 7 од 10 Амеркиканци го гледаат овој настан и оттука јасен е интересот на огласувачите за рекламниот простор во Super Bowl.

Истражувањата на Lab42 покажале дека повеќе од гледачите преферираат рекламите за време на Super Bowl (39%), повеќе отколку самиот натпревар (28%). Според истата студија 44% од женската популација ги преферира рекламите, а 41% од мажите го преферираат натпреварот.

 


Видете следно

Канализацискиот систем не е депонија, граѓаните да се однесуваат одговорно со отпадот

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Граѓаните да се однесуваат одговорно и да не фрлаат отпад …