Колку чини производството на Galaxy S5?


Најголемиот светски производител на Smartphones – јужнокорејската Samsung Electronics, троши повеќе за производството на култниот нов модел Galaxy S5 во споредба со неговиот претходник. За 32 -Гигабајтниот модел Galaxy S5 кој е водоотпорен и има можности за следење на срцевата активност, трошоците за изработка се 256.52 долари, според анализите на IHS.

Моделот, кој излезе на пазарите од петокот, се продава за сума од 650 долари без договор на меѓународните пазари. Сумата е значително повисока од онаа во износ од 236 долари за производство на Galaxy S4, како и над 20 % повеќе во споредба со потребните 207 долари за производство на iPhone 5S.

Особено силен е контрастот со трошоците за производство на нискобуџетните паметните телефони, како на пример моделот ZTE U793, за чие производство се потребни само 35 долари.

“Samsung фрли повеќе компоненти во производството на уредот. Тие знаат дека пазарот на паметни телефони од највисока класа е исклучително конкурентен и прават сè што е потребно, за да се разликува од останатите”, коментира Вејн Лам, главен аналитичар во IHS, пренесува CNBC.

Во четвртиот квартал од минатата година уделот на Samsung се намали до 29,5 % од продажбата на паметните телефони, во споредба со 31.1 % една година порано. Во првиот квартал на годината кинеските производители, како Huawei и Lenovo, го зголемија својот удел на пазарот, благодарение на нискобуџетните модели.


Видете следно

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ЛАЖНА ДОЈАВА И ПОВТОРНО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Со ова известување би сакале да ја информираме јавноста дека денешната дојава за подметната експлозивна …