Колку граѓани треба да излезат и гласаат за референдумот да успее?


Од политичката партија Левица излегоа со став во врска гласањето на референдумот. Тие како што велат на референдумот за ЕУ мора 904 000 граѓани да гласаат за, а на референндум за НАТО треба да излезат 904 000 граѓани, а од нив повеќе од пола да гласаат за.

„Според европските стандарди утврдени од Венецијанската комисија, меѓу другото, за тоа што се одлучува со референдумското прашање мора да има предвидено иста правна процедура. Во случајов со нашето референдумско прашање тоа не е така. ЕУ е сојуз на држави и на ЕУ се однесува член 120 од Уставот, а НАТО е меѓународна организација и на него се однесува член 121 од Уставот. За ЕУ, Собранието носи одлука, која патем ја нема донесено, со двотретинско мнозинство. За НАТО, Собранието носи одлука со 61 глас. За ЕУ, по донесувањето на одлука, Собранието мора да распише референдум. За НАТО не мора. На референдумот за ЕУ мора 904 000 граѓани да гласаат за. На референндум за НАТО (доколку се распише), треба да излезат 904 000 граѓани, а од нив повеќе од пола да гласаат за“, велат од Левица.


Видете следно

Зголемување на инвестициите за децата во здравството и социјалната политика

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче …