Колку изнесува индексот на прометот во индустријата на домашниот, а колку на странскиот пазар


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 107.4.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8 %, Капитални производи за 10.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2018 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 101.2, додека во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на периодот јануари – февруари 2017 година, изнесува 114.1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 100.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 30.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2018 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 106.9, додека во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на периодот јануари – февруари 2017 година, изнесува 111.6.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 108.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5 %, Капитални производи за 10.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2018 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 99.8, додека во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на периодот јануари – февруари 2017 година, изнесува 114.2.

Видете следно

Заев: Во јуни очекувам датум за почеток на преговорите со ЕУ

Денеска Премиерот Заев за Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања во Собранието на …