Колку пари потрошиле за кампањите Пендаровски и Река за првите десет дена ?!


Стево Пендаровски за првите 10 дена од кампањата потрошил 480 илјади евра, а Блерим Река 25 илајди евра/ За кандидатката Гордана Силјановска Давкова нема сеуште податоци, стои во објавата на Државната изборна комисија за финансиските извештаи на партиите.

Во ДИК тврдат дека сите законски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за извештај за првите 10 дена, а се очекува до понеделник, да бидат исплатени и трошоците на медиумите.

За Стево Пендаровски преку членарини на членови на СДСМ донирани се 163 илјади евра, а за Блерим Река има приход од донации во износ од 18 илјади евра.

На овие избори за прв пат државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите. Во кампањата, кандидатите има околу 3,3 милиони евра средства на располагање.


Видете следно

Колку изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ?!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …