Колозова: Кои садисти сте и колку сте зли. Вистина сте глупи или глумите лудило?


„Кои садисти сте и колку сте зли. Вистина сте глупи или глумите лудило? Ако е намерно пропуштен стихот и не е лапсус, Тамара е таа што го смислила тој потег, Тамара мења химна?? Од кога е женава политички фактор? Сериозно! Што ја намразивте уште од Евровизија, она го смени името под кое пееше? Не пеат и играат сега сите под тоа име? Не возите со таа налепница до Халкидики? Што направи толку да ја мразите? Ништо. Буквално ништо. Нема една рационална причина. Затоа, на вас ви треба ирационална причина и повод за мизогинија (всадена омраза кон се’ женско) – мразејќи го Северџан преку неа, вие уште повеќе ја мразите неа и сите жени. Вештерка, грда (демек жените ваши и швалерки поубави??), грозна… ова е линчовско расположение! И место да се лицитира со казни, пред европски инстанци и организации да се отвори нејзиниот случај на масовно злоставување од талибанска толпа и кршење на човековите права. ПС и уште нешто, прва беше во Европа според жириата, тоа никако да и’ го простите“.

Facebook статус: Катерина Колозова



Видете следно

Општина Кисела Вода денеска додели нови 60 ваучери за новороденчиња, 22 за женски и 38 за машки деца.

Ваучерите во висина од 6000 денари на семејствата од Кисела Вода им ги подели секретарот …