Колозова: Тамара у затвор ќе ја праќаат за згрешени стихови у химна, овој ќе го симињаат од власт дека го зезнале двајца руски глумци


Професорката на Институтот за општствени и хуманисички науки – Скопје Катерина Колозова, на својот Facebook профил вели смешна е ситуацијата со Заев и руските комичари:

„Извинете ако пак искочам „заевист“, ама, човече, на Макрон и Борис Џонсон им го направиле истото и таму цела јавност се смее. Овде, една траурност, една озбилност – „оставкааа“, „знаете ли протокол“ (демек они знаат, тие што коментираат), ДРАМА. Тамара у затвор ќе ја праќаат за згрешени стихови у химна, овој ќе го симињаат од власт дека го зезнале двајца руски глумци. А бе дај, олабавете малце. Стварно е многу смешно – и толку. Покомична од снимката е „државничката озбилност“ со која му приоѓате на скандалот“, вели професорката.


Видете следно

Претседателот Пендаровски оствари средба со претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински …