Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија на состанок во октомври


Следниот состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе се одржи во октомври. Тоа е по барање на македонската страна, изјави за БНТ копретседателот на таа комисија Ангел Димитров.

– Нема напредок, но и нема што да се промени брзо. Речиси ништо не е исполнето со Договорот за пријателство и соработка…Тоа е главниот проблем, а не работата на историската комисија, изјави Димитров, иако призна дека историјата е најболната точка.


– Потребната катарза во историското размислување не може да се случи без политичка волја за тоа, а дипломатијата е само функција на политиката и не треба да се става акцент на тоа, нагласи Димитров.

Тој истакна дека компромиси во науката не само што не треба да се прават, туку и не треба да се очекуваат, а очигледно таков бил и ставот на нивните колеги од Северна Македонија. зш/

Софија, 18 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

МТСП: Законот за стечајци стапи на сила, стечајците што ги исполнуваат условите во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на …