Breaking News

Комисијата за прашања на изборите и именувањата не утврди предлог одлуки за распишување неколку јавни огласи


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја одржа 22. седница. Членовите констатираа дека оваа собраниска комисија нема да ја утврди предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. („Службен весникна Република Северна Македонија“ број 248/2022).


Претседателката на комисијата, Марија Георгиевска истакна дека Собранието на седница одржана на 16 јоември 2022 година ја донесе одлуката за објавување јавен оглас за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. Посочи дека огласот траеше 30 дена, но и на овој оглас повторно не се пријавил ниту еден кандидат. Поради ова, како што информира Георгиевска, потребно е Собранието по трет пат да објави нов јавен оглас за избор на на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.


Поради истекот на рокот, членовите на Комисијата констатираа дека оваа собраниска комисија нема да утврди предлог одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2021); за предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Државната комисија за жалби по јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2021); за предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2021); за предлог одлуката за распишување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2021) и за предлог одлукат за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренција („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 276/2021).

Георгиевски информира дека до претседателот на Собранието ќе достави нови предлог одлуки за распишување на јавните огласи и со неа ќе предложи престанување на одлуката која што е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.фф/са/