Компанијата „Комфи Ангел” од Прилеп донира 25.000 маски за учениците од основните училишта во Битола


Компанијата „Комфи Ангел” од Прилеп донира 25.000 заштитни маски за учениците од битолските основни училишта.

Заштитните маски се поделени во сите основни училишта во градот, информира градоначалничката Наташа Петровска за време на денешната посета на ОУ „Д-р Трифун Пановски” во Битола.

– Во овие специфични околности во кои што се наоѓаме, а кои влијаат врз образовниот процес, особено е значајно континуираното следење на условите и можностите во самите образовни институции. Тоа е целта на денешната посета на училиштето „Д-р Трифун Пановски” каде се запознав со донацијата  од компанијата „Комфи Ангел”, која донираше 25.000 детски маски, за користење од децата кои посетуваат настава со физичко присуство, истакна Петровска.

Заштитните маски се распределени според соодветниот број ученици во секое основно училиште, а во ОУ „Д-р Трифун Пановски” се доделени 1.500 маски кои ќе ги користат околу 150 деца кои следат настава со физичко присуство. мт/цр

Битола, 16 октомври 2020 (МИА) 


Видете следно

Пауновски: Терасите на кафеаните ќе работат како досега сè додека не се донесат нови протоколи

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска изјави дека кафеанските тераси, кои поради ниските …