Компанијата „Сеавус“, нов генерален спонзор на ФК Работнички


Фудбалскиот клуб Работнички стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија го одбележува со еден мошне значаен сегмент за иднината на клубот. Нов генерален спонзор на ФК Работнички е најголемата софтверска компанија, „Сеавус“. Претседателот Драган Поповски, со огромно задоволство го потпиша договорот.

„Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сеавус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …