Кому правиме добро кога купуваме нов лаптоп?


Доколку се прашувате дали постојаните технолошки промени се корисни за општеството, компанијата увозник на DELL лаптопи за Македонија – ИТД Дистрибуција, има позитивен одговор на ова прашање.

Имено, следните два месеца – декември 2019 и јануари 2020, од секој продаден DELL лаптоп преку продажната мрежа на ИТД Дистрибуција, компанијата ќе издвои процент со кој ќе набави играчки наменети за обнова на игротеката на Детска клиника. Од обезбедениот фонд ќе се донираат еколошки, трајни и современи играчки, кои ќе им помогнат на дечињата кои дел од претстојните празници ќе ги минат на клиника, да се чувствуваат подобро, по безгрижно и игриво.

Купувачите на DELL лаптопи, со својот избор ќе придонесат за среќни и весели божиќните празници на дечињата од Детска клиника. Исто така, со секое споделување и зголемување на свесноста за донирање преку социјаните медиуми, за благодарност ќе добијат дополнителн подарок од компанијата.

Оваа кампања го носи слоганот #ЈасСумДелодХуманПроект и истатата е иницирана со цел поврзување на технологијата со доброто и инспирирање на хуманоста меѓу луѓето.

Кампањата започнува од 10ти Декември и ќе трае до крајот на месец Јануари 2020 година.

ИТД Дистрибуција е долгогодишен донатор во заедницата каде делува, со особен фокус кон каузата – деца од социјално и здравствено ранливи категории.


Видете следно

Деспотовски: Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски беше во посетата на компанијата …