Breaking News

Конференција „Антикорупција 2030: Сегашни и идни антикорупциски предизвици“


Институтот за демократија денеска во Скопје организира тркалезна маса „Антикорупција 2030: Сегашни и идни антикорупциски предизвици“.


-Целта на конференцијата е презентација и дискусија на форсајт анализа за можните сценарија по кои ќе се развиваат корупцијата и борбата против корупцијата до 2030 година и како институциите да се справат со идните предизвици. Анализата беше подготвена во соработка со главните антикорупциски институции во државата и претставници на граѓанското општество, како дел од процесот на стратешко планирање за справување со предизвиците кои ги носи борбата против корупцијата, посочуваат од Институтот за демократија.


На настанот поканети се претставници од Владата, Собранието, Инспекцискиот совет, Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата, Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, и претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Конференцијата се организира како дел од проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ чија цел е поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото. За остварување на оваа цел, проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија. см/бак/