Конференција „Дали образовниот систем гради целосни личности?“


Национална конференција „Дали образовниот систем гради целосни личности?” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружение на граѓани „Младите можат”.

Конференцијата е дел од проектот „All for You(th)!”, чија цел е да се зајакне образовниот систем во земјава со прифатени политики за сервиси за ментално здравје, функционални програми за кариерно советување и зајакнати животни вештини кај младите. Проектот е поддржан од Европската комисија.


Од Здружението „Младите можат” соопштија дека се подготвени неколку програми со повеќе различни активности кои ќе ја постигнат оваа визија – програми за ментално здравје, за кариерно советување и за младинско учество и активизам.

Програмите се реализираат прекуповеќе различни активности, додека на конференцијата ќе бидат претставени дел од нив кои што имаат директно влијание врз образовниот систем во нашата држава.


Конференцијата цели пред се да ги запознае главните актери во програмите со тоа што се планира да се направи, но и да се консултира со нив дали тие сметаат дека истото е возможно да се реализира во училиштата.

Поточно, ќе бидат претставени програмите за подобра грижа за менталното здравје на учениците во образовниот систем, наменета за наставници и психолози во средни училишта, за кариерно советување на средношколци, наменета за учениците од средните училишта, како и за градење на капацитети на кариерни советници во рамки на средните училишта.


Како што најавија организаторите, покрај претставувањето на програмите и јавната дискусија, во текот на настанот ќе бидат спроведени и тркалезни маси согласно темите на програмите на кои што наставниците, кариерните советници, психолозите и останатите присутни ќе бидат директно консултирани за програмите.

Конференцијата е дел од проектот „All for YOU(th)!” што Здружението на граѓани „Младите можат” во моментов го спроведува и е поддржан од Eвропската комисија. бт/са/


Видете следно

НАЈАВА / Дигитална агенда за граѓаните – Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација

Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од …